За илинденските празници Росоман и Градско ќе добијат вода за наводнување
29-07-2016 РЕГИОН

Голем дефект на ХМС „Тиквеш“ ги остави без вода за наводнување Росоман и Градско седум дена каде под систем за наводнување има околу 2000 хектари земјоделски површини.

 

Станува збор за дефект на левиот магистрален канал на сифонот Камен Дол каде е уништен челичниот лим и бетонската облога на видно место околу три метри квадратни   на самиот севковод при што е деформиран дотрајаниот челичен лим  лим во должина од 15 метри.Профилот на овој цевковод изнесува 1600 милиметри со проспусна моќ од 3 метри кубни во секунда.

 

Дефектот се случи во саботата на 23. јули по пуштањето на водата по редовното чистење на каналската мрежа од алги и наслаги,   по што веднаш се изврши запирање на водата и остранување на дефектот.

 

-Станува збор за стар цевковод од пред 45 години изграден  во седумдесетите години и досега во неколку наврати саниран. Но заради финасиските проблеми не беше реализирана предвидената рекоснтрукција на целиот сифон. По случувањето на дефектот веднаш се пристапи кон санација. Набавен е нов челичен лим кој се прицврстува внатре во цевководот на постоечкит бетон, потоа се врши анкерисување на оштетената бетонска подлога со нова арматура . Се предвидува со заварувањето на челичната конструкција да се заврши уште денеска и со добивањето на една монолитна конструкција  за време на викендот да се  пристапи кон поставување на  нова бетонска облога. Ова значи дека за време на илинеднските  празници земјоделците од Росоман и Градско ќе добијат вода за наводнување- вели техничкиот директор на АД Водостопанство подружница „Тиквеш“ Илија Темелковски.

 

                Што се однесува до останатиот дел од Хидромелиортивниот систем „Тиквеш“  на десниот магистрален канал  и на левиот до  селото Трстеник дистрибуцијата на вода се одвива без  прекин . Годинава од Хидромелиоративнит систем „Тиквеш“ кој ги покрива со вода за наводнување петте општини Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Росоман и Градско да бидат наводнети околу 8 500 хектари земјоделско земјиште од кои дури 70% се лозови насади.

Мирјана Мукаетова

                 



Share

Додади коментар