Само во изминатата недела ПС од ОН Кавадарци регистрирала три незгоди на мопеди и моторцикли во кој повредени се шест лица, возачите на истите и нивните сопатници. Ова е резултат на зголеменото учество на мопеди и моторцикли во сообраќајот но и на непочитувањето на законските одредби од страна на возачите. Од полициското одделение за безбедност во патниот сообраќај велат дека оваа појава е се почеста бидејќи полициските службеници се почесто на терен се сретнуваат со возачи малолетници, неисправни возила, не положени возачи, лица кој управуваат мопеди и моторцикли без заштитен шлем или кацика. Командирот на одделението Зоранчо Добринов апелира до оваа категорија возачи и до јавноста мора да се внимава и да се почитуваат правилата за да не се соочиме со незгоди кој често знаат да имаат и фатални последици.
Тој укажува на обврските и законот. Овие возила мора да се регистрирани исто како и сите други, задолжително мора да поседуваат и осигурителна полиса, а возачите на мопедите и моторциклите да се со положена соодветна возачка категорија и истите задно со своите сопатници задолжително да носат заштитна кацика. Од Полицијата дознаваме дека со законската регулатива казна следува и за сопствениците на мопеди и моторцикли кој истите ги даваат на управување кај малолетници или други не положени лица.
Ова најчесто им се случува на родителите кој се сопственици на мопеди но истите ги управуваат нивните малолетни лица. Полицијата цврсто стои на ставот дека и во ваков случај ќе нема прошка туку казна во висина од 300 евра. Правилата мора да се почитуваат, законот за сообраќај е јасен, а животот повреден од било што, велат надлежните. Ова е чекор на кој се решила Полицијата поради зголеменото учество на оваа категорија на возила во сообраќајот, но и поради зголемениот број незгоди. Контролите ќе бидат зачестени, а казните за не почитувачите неизбежни.
Милица Младенова
Додади коментар