За една недела нови 150 заболени од грип во Кавадарци
03-02-2016 РЕГИОН

Од почетокот на сезоната на грип, минатата недела е регистриран најголемиот број заболени, информираат од Центарот за јавно здравје во Кавадарци. Регистрирани биле 150 заболени од ова вирусно заболување што претставува нагло зголемување на бројот на грипозни лица.

 

„За оваа сезона бројот на болни од грип се искачи на 290 лица. Бројката сигурно е поголема ако се земе во предвид дека голем број заболени се лекуваат во домашни услови и воопшто не посетуваат лекар“, вели д-р Ристе Јовановски, епидемилог од Центарот за јавно здравје.

 

Тој додава дека во истиот период минатата година биле регистрирани 93 лица заболени од грип.

И понатаму доминираат заболените на возраст од 15 до 64 години. Лекарите велат дека вирусот е се поактивен и бројот на грипозни и во наредниот период ќе се зголемува.

А.Д



Share

Додади коментар