За еден месец „пајак“ ќе става ред во паркирањето во Кавадарци
16-10-2018 РЕГИОН
 
 
 
 
     “Пајак” стигнува за околу еден месец во Кавадарци, ќе се става ред во паркирањето, најавува кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
 
-Се работи на тоа поле, јавно претпријатие за паркирање во општината и изградба на две катни гаражи. Од објективни причини, генералниот и деталниот урбанистички план, досега не се изградени гаражите. Тие ќе се почнат во наредната година. Општината го обележа целокупното градско подрачје за паркирање, ќе се обележи прва, втора и трета зона, појаснува Јанчев. 
 

Градоначалникот нагласува дека засега, до крајот на годината, паркирањето нема да се наплаќа.

 

-Ќе биде тоа  пробен период од три месеци. Ќе се отстрануваат само нај ненепрописно паркираните возила. Оние паркирани на пешачки премини, во тревници и слично. Пајак службата  и јавното претпријатие ќе почнат  да функционираат најверојатно од кај средина на ноември месец. Од февруари,  март,  се очекува и целосно решавање на проблемот со паркирањето, вели Јанчев. 

 

С.Д

 


Share

Додади коментар