Жељко Јоксимовиќ на Тиквешки гроздобер
18-08-2014 РЕГИОН

Останатите учесници и музички имиња организациониот одбор дополнително ќе ги соопшти. Годинава „Тиквешки гроздобер“ се одржува по педесети пат. За прв пат манифестацијата е оджана во 1964 година. Следеа повремени прекини и повторно возобовување на симболичниот почеток на бербата на грозје.
Организациониот одбор што ја доби довербата од советот на општината за организирање на манифестацијата најавува интересни содржини за време на гроздоберот, поразлични од минатите години, но поатрактивни за гостите. Главна атракција е винскиот карневал, ќе има избор на крал и кралица на гроздоберот, боемски вински фестивал, дефиле на моторџии, симболично откинување на првиот грозд.
А.Д

Додади коментар