Средовечна жена од Неготино завчера била касната од змија. По укажаната помош во кавадаречката болница била пренесена на инфективната клиника во Скопје.
Според кажувањето на лекарите, жената најверојатно е касната додека работела на нива иако носела ракавици. Лекарска помош побарала неколку часа подоцна.
„ Жената ја примивме во болницата, доби серум и на почетокот немаше некои посебни симптоми. Но, по околу два часа имаше визуелни халуцинации. Не сакавме да ризикуваме и во придружба на анестезиолог ја препративме на Инфективната клиника во Скопје, поради можни задоцнети реакции – рече директорот на кавадаречката болница д-р Диме Коцев.
Тој упати апел до населението за внимателност и нагласи дека отровот кај змиите е најсилен во овој период.
А.Д
Што да направам доколку ме касне змија?
Најбитен е психолошкиот аспект. Немојте да паничите, немојте да помислувате дека ќе умрете и дека нема спас. Ова едноставно не е точно, односно каснувањата од змија можат да се излечат. Најпрво местото треба да го имобилизарате и што помалку или скоро воопшто да не го мрдате. Местото морате да го позиционирате под нивото на срцето. Сите овие совети го спречуваат ширењето на отровот. Пред било што од горенаведеното да направите, морате да го подврзете местото над раната, доколку се работи за екстремитет, ова најефикасно ќе го спречи ширењето на оровот.
Откако ќе подврзете над раната, покријте ја раната со чисто парче од облека, немојте да аплицирате алкохол, ниту било каква друга течност, исто така немојте воопшто да конзумирате алкохол по каснувањето додека да стигнете во болница. По основното подврзување и заштитување на раната, веднаш најдете начин брзо да стигнете во болница, не превземајте никакви други активности.Немојте да ја сечете раната, за да го извлекувате отровот, немојте да правите никакви слични манипулации кои сте ги гледале на филмовите бидејќи можете да предизвикате компликации, плус тоа, нашите змии не се дотолку отровни за да немате време да стигнете до болница. Сепак до болница би требало да не се движити, а подврзаната рана да ја носите под нивото на срцето.
Совети за превенција
- Немојте да се движите низ напуштени ливади обраснати со густи растенија кои не ви даваат чист преглед на патот
- Секогаш во планина гледајте пред себе на патот
- Избегнувајте носење на кратки панталони
- Движете се по средината на планинскиот пат
- Ако ве касне змија немојте да пробувате да ја фатите, може да ва кеасне повторно
- Ако ве касне змија, пробајте да ја запаметите нејзината боја за да ја опишете во брза помош
- Ако ве касне змија, МОРАТЕ да посетите брза помош, без разлика дали вашето убедување е дека змијата е отровна или неотровна.

Додади коментар