Кошаркарите на Еуроnикел забележаа многу важна победа на домашен терен, во салата „Јасмин“ совладувајки го ТФТ со 80-74.
Во последните минути помирната пенал реализација им донесе на кавадарчани седми триумф во сезоната.Гостите од Скопје беа подобар противник во првото полувреме кое го решија во своја корист со резултат 33-37.
Еуроникел се врати во второто полувреме и почна да ги казнува грешките на противникот за водство кое го завери со тројка Ѓекиќ за 75-68. Во пенал завршницата кавадарчани беа посмирени и сепак среќно стигнаа до победата од 80-74.
Со 18 поени, Томиќ беше прв стрелец кај Еуроникел, Ѓекиќ застана на бројката од 17 додека 14 уфрли Калахан.Кај ТФТ, Ташовски и Хортон дадоа по 14, поени а Костоски 13 поени.
И девојките викендов ги играат редовните кола. Во елитната група А играат Баскет Кам – Кр.Паланка, Бадел - Струга, Работнички – Вардар и во борбата за опстанок во сабота од 17 часот во салата Партизан екипата на Про Баскет го пречекува МЗТ.
Во групата Б се среќаваат: Гостивар – Гризли, Куманово – Тим Арена, Мега Баскет – Риниа а дербито се игра во Делчево каде во недела од 14 часот екипата на Трокал му гостува на Патриот.
Мики Виденовиќ
Додади коментар