Еуроникел Индустри: Се соочуваме со незаконити приклучоци на доводниот цевковод за технолошка вода
15-08-2023 РЕГИОН

Се известуваат сите граѓани на Општина Кавадарци и околните мештани дека фабриката Еуроникел Индустри ДОО с.Возарци Кавадарци, во летниот период се соочува со потешкотии настанати како резултат на незаконити приклучоци на водоводната мрежа односно на доводниот цевковод за технолошка вода која фабриката ја снабдува од акумулацијата Тиквеш Кавадарци.

 

Имено, со ова известување упатуваме апел до сите „несовесни“ граѓани да се воздржат од вакви незаконити дејствија кои не само што предизвикуваат материјална штета на компанијата, за која се преземаат законски мерки преку органите на кривичниот прогон, но и постапки за соодветно обештетување, туку воедно претставуваат и закана за производствениот процес.

 

Ве повикуваме со должно внимание да пристапите на оваа состојба, како би се спречиле несакани последици и би се избегнале загуби и инциденти во технолошко-производствениот процес.

 

Еуроникел Индустри ДОО

 



Share

Додади коментар