Енвер ја најде својата полусестра која не знаела дека воопшто има браќа!
22-09-2014 РЕГИОН

По 48 години од својот живот Енвер Ѓулшан од Турција со потекло од Росоман ја најде својата сестра, 60 годишната Ѓулиза Идризи која живее во Тетово.И двајцата денеска се сретнаа во Росоман низ солзи раскажувајќи си за животот и пропуштеното, а Росоман беше местото за радост, воздишки и солзи бидејќи улогата на детектив во целата приказна ја зема самоиницијативно градоначалникот на општината Стојанче Лазов.Енвер и Ѓулиза се неизмерно благодарни на градоначалникот, а како започнала потрагата по сестрата на Енвер раскажува турчинот од Јеникен со корени во Росоман.

 

Низ солзи за КТВ,  Ѓулиза раскажува дека никогаш незнаела оти има браќа.Вели дека до вчера животот го минувала сама, а од денеска срцето и е полно со љубов и браќа.

 

Низ солзи и прегратки го минуваа денот братот и сестрата кој како во серијата се за љубов дојдоа до среќен крај.Нивниот татко на времето бил полицаец кој во тогашна Југославија работел на висока позиција.Се разведил кога Ѓулиза имала само една година, а подоцна се оженил со мајка му на Енвер која потекнува од Босна и од него била помлада 18 години.Росоман го напуштиле во 1959 година.Полицаецот од Росоман во Турција почина на 75 години, но желбата да ја сретне својата ќерка ја понесе со себе, сега јас ќе ја гушкам и за него ни рече Енвер кој освен сестрата Ѓулиза има уште пет браќа со кој водат семеен бизнис во Измир и Јеникен.

 

Милица Младенова



Share

Додади коментар