Електронското издание на Службен весник претставено во општина Росоман
14-09-2016 РЕГИОН

Пред административците од службите на Локална самоуправа Росоман денеска беше промовирано електронското издание на Службен весник на Република Македонија. Во посета на општината беше екипа која имаше за цел да го објасни полесниот и брз пристап до информациите.

 

Инаку ЈП Службен весник на Република Македонија веќе седум децении континуирано и високо професионално ја извршува својата јавна општествено доблесна задача, да ги објавува сите службени новини од општественото организирање. Од таму велат дека јавното претпријатие службен весник на Република Македонија настојува да ја исполни својата задача на посредник помеѓу државата и граѓаните со висок степен на совесност и професионалност.

 

Нагласуваат дека од своето постоење па до денес продолжува да се следи трендот на иновации и следењето на новите технологии во домот на сопственото работење. На денешната презентација во општина Росоман беше потенцирано и презентирано овозможувањето на интернет пристапот до интернет базата на податоци и електронската понуда на производите.

М.М

 

 



Share

Додади коментар