Со воведувањето на електронските услуги осигурениците на Фондот нема да имаат потреба да ги подигнуваат сините картони, туку електронски ќе може да ја вршат проверката на статусот на нивното осигурување, осигурувањето на своите членови, податоци за избраните лекари по општа медицина, стоматологија и гинекологија за себе и за своите членови помлади од 14 години. Ова денеска на прес конференција го најави директорот на ФЗОМ, Јован Грповски.
„Овластените лица од фирмите ќе може да ги пријавуваат или одјавуваат вработените преку интернет со користење на дигитални потписи, без да доаѓаат во подрачните служби на Фондот. Матичните лекари ќе можат електронски да ги пријавуваат новите пациенти и постојано да имаат увид. Осигурениците може да вршат избор и промена на матичен лекар, директно кај новиот лекар, без да доставуваат пополнети хартиени обрасци во подрачните служби на Фондот. Веднаш избраниот лекар ќе може да ја регистрира таа промена електронски, рече Грповски.

Додади коментар