ЕКСКЛУЗИВНО: Тиквеш ги објави цените за откуп на висококвалитетните сорти на грозје
10-08-2013 РЕГИОН

Винарската визба Тиквеш попладнево ги објави цените за откуп на винско грозје од висококвалитетните сорти на влезната капија. Цените се повисоки споредено со лани. Зависно од квалитетот и шеќерноста на грозјето ќе се добива  и повисока цена.

За килограм шардоне со 20 шеќерни единици ќе се плаќа 14.40 деанари, за 22 -16 денари, 23-16,8 денари и за 24 брикса -17,6 денари. За коминтентите кои ќе добијат покана за берба на грозјето во гајби ќе се доплаќа по 2 денари за килограм.

За 19 шеќерни единици за Мерло ќе се плаќа 12,6 денари, за 23-24 шеќерни единици, 14 денари и за 25, 15,4 денари за килограм.

Единаесет денари ќе се откупува грозјето од сортата теран за 22-23 шеќерни единици, а за 24 брикса ќе се плаќа 13 денари.

Семијонот за 21 брикс ќе се плаќа по 12, а за 23 брикса 13,8 денари. Совињон бланк со 21 брикс ќе се плаќа 15 денари, а за 23 – 16,5 денари.

Единаесет денари за 22-23 брикса ќе се плаќаат  за Бургундецот. За 24 брикса цената ќе биде 13 денари. Беланот ќе се откупува по 13 денари за 22 брикса и 1430 за 24 шеќерни единици.

`Ркацетели ќе сеоткупува за 12 денари за 21 шеќерна единица, а 13,8 денари за 23 шеќерни единици. Станушината ќе се откушува за 11 денари за 20-21 брикс,а 12,10 за 22 брикса шеќерност.

Килограм ризлинг со 21 брикс ќе се откупува по 12, а с 23 брикса за 13,8 денари. Дванаесет денари за 20 шеќерни единици ќе се плаќа за жилавката, а 13,8 за 21 отсто на шеќер. Седумнаесет денари ќе се плаќаат за 21 брикс за шеќерност на траминецот, а 19 за 23 брикса. Темјаниката ќе се откупува по 19 денари за 23 брикса. Кабарне совињон по 12,6 денари за 19 брикса, 14 деанари за 23-24 брикса и за повеќе од 25 брикса 15,4 денари за килограм.

Во наредните денови ќе биде објавена цената и за најзастапените сорти на грозје, смедеревка и вранец кратошија. Како што информираа од Тиквеш, бербата и откупот започнува веќе во понеделник.

Ангел Данов



Share

Додади коментар