Генералниот директор на „Вино жупа“ и претседател на управниот одбор на винарската визба „Повардарие“ Раде Јевтофиќ во ексклузивна изјава за КТВ денеска информира дека визбата превземала обврска на средбата во Министерството за земјоделство заостанатиот долг на лозарите за 2016 и 2015 година да им го исплати најдоцна до 15 јуни, откако претходно владата ќе им исплати субвенции за откупеното грозје.
“Дојдовме до договор, кој треба да биде и реален овој пат, а тоа е дека до 15 јуни конечно ќе ја завршиме исплатата на грозје за 2016 година. Се договоривме да се отвори наменска сметка на која ќе легнат субвенциите, бидејќи сметките на Повардарие се блокирани и од таа сметка под контрола на инспекторатот и претставниците на лозарите тие средства наменски ќе се распределуваат, односно ќе се искористат да се исплатат сите години пред 2016, а најголем дел од долгот е од 2015 година“ рече во ексклузивната изјава за КТВ, Јевтовиќ.
Тој најави дека „Повардарие“ се подготвува за откуп на грозје и годинава и се надева дека по исплатата на долгот ќе добијат лиценца за откуп. Исто така најави и проширување на производната програма на компанијата. Планираат во иднина да произведуваат и овошно пире за производство на сокови.
Претседателот на регионалното здружение „Напредни лозари“, Трајче Кулев во изјавата за КТВ нагласи дека се прават напори да се обезбеди исплата на долгот кон лозарите и од винарија „Стефани - Петра“.
Додади коментар