“Еко-живот” од Кавадарци започна со собирање на потписи со кои се бара дополнување на Законот за животна средина, да се условат инвеститорите да не градат загадувачки комплекси на растојание помало од 5 километри од населено место. Ова денес го соопшти претседателот на кавадаречкото еколошко друштво Роберто Паризов.
-Сакаме да бидеме сигурни дека во иднина нема да никне некој производствен објект кој ја загадува околината близу до населено место. Ние ќе сториме се што можеме за зачувување на здравата животна средина затоа што никој од нас нема резервна планета, порача Паризов.
Тој нагласи дека исто како и досега, ќе продолжат со еколошките акции во рамките на еко мисијата која ја имаат во поширокиот регион на Тиквешијата.
С.Д.

Додади коментар