Едукација на најмладите: Безбедно во сообраќај
03-10-2013 РЕГИОН

Младите од основното образование и овој октомври ќе ги учат основните правила за безбедно учество во сообраќајот. Одделението за БСП при ПС од ОН Кавадарци и овој пат ќе ја има задачата да ги едуцира младите преку сообраќајно предавање и наменски филм изработен за нивната возраст.Прво одделенците од Кавадарци ги знаат основните правила.Пешачки, семафори, лева и десна страна се за нив веќе познати поими, но за нас имаат секогаш интересни сообраќајни прашања вели инспекторот за превенција по сообраќајни работи Диме Крстев кој денеска предаваше во ООУ Тошо Велков Пепето.

Ова е почетната фаза за обука на најмладите. Полицијата децата ги едуцира уште во градинка. Преку квиз натпреварување во предучилишна возраст се учат правилата во сообраќајот. После следуваат овие обуки и предавања во прво одделение, па на ред се квиз натпреварите и детскиот семафор. Едикацијата и превенцијата мора да се на високо ниво за да оваа нај ралнивата категорија биде безбедна во сообраќајот велат од Полицијата.

M.M



Share

Додади коментар