Едукативен етнолошки проект за децата со посебни потреби во Кавадарци
10-05-2017 РЕГИОН

 

 Музеј – галерија во соработка со ОУ Страшо Пинџур – деца со посебни потреби, ја реализира етнолошката работилница “Едукативен проект за деца и млади со посебни потреби“ подржано од Министерството за култура. Овој проект има за цел вклучување на деца со посебни потреби и запознавање со начинот на изработка на стари предмети со пластелин, глина, цртање и боење,  Развивање на индивидуалните способности на децата преку цртање, боење, креирање, лепење итн.

 

 

 

Како што нагласуваат од музеј галеријата, со овој проект им се  излегува во пресрет на родителите на децата за афирмирање на нивните деца и нивно вклучување во активностите што ги нуди работилницата, како и подигање на свеста во средината за потешкотиите со кои се соочуваат оваа категорија на деца.

 

Преку самата активност го афирмираме и  “Музејот на традиционална тиквешка храна“ кој е со отворени врати за секој поединец, исто и за децата и младите со посебни потреби.

 

 

Од музеј галеријата упатуваат голема благодарност до наставниците Костадинка Крстева – Живковска и Зоран Велков кои неисцрпно работат со овие невини дечиња.

 

Раководител на проектот е Кети Ванчева, дипломиран етнолог вработена во Музеј – галерија, Кавадарци, а соработник на проектот е Томе Крстевски, дипломиран етнолог во истата институција.

 



Share

Додади коментар