Едно лице од Кавадарци ја загубило битката со корона вирусот, а во изминатото деноноќие во Тиквешијата се евидентираат 41 нов случај на вирусот.
„Во Кавадарци има 20 нови случаи, два во Росоман, девет во Неготино и 10 во Демир Капија“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Во текот на вчерашниот ден се евидентираат 41 оздравен пациент во Кавадарци и 20 во Неготино. Во Кавадарци активни се 611 случаи од вкупно 1739 од почетокот на пандемијата. Во Неготино заедно со Демир Капија активни се 357.
„Во текот на вчерашниот ден во ковид центарот во нашата болница се сместени 55 пациенти во стабилна општа состојба. Има починато едно лице, жена на 68 годишна возраст од Кавадарци со сериозни коморбидитети“ информира директорот на болница д-р Диме Коцев.
А.Д
Додади коментар