Текот на гласањето во Тиквешијата и понатаму е без посериозни забелешки за нерегуларности. Од МВР информираа дека едно лице е лишено од слобода бидејќи гласал во име на сопругата. Овој настан го расчистува полицијата.
До 17 часот на 60 гласачки места во Кавадарци гласале 60% од вкупниот број запишани избирачи 32.706. Споредено со предвремените парламентарни избори се бележи пониска излезност до 17 часот за околу 8 проценти.
Претседателот на ОИК Кавадарци, Зоран Костов вели дека гласањето поминува без проблеми.
Во Неготино до 17 часот гласале 63,69% од вкупно запишаните 16.703 граѓани со право на глас. И овде, како што информира претседателката на ОИК, Нетка Веселинова гласањето поминува без проблеми.
Демир Капија и понатаму е со највисока излезност. До 17 часот гласале 71,18% од вкупниот број избирачи 3.405.
Во Росоман гласале 60% , а во Градско 55,70%.
A.Д
Додади коментар