Еден починат, 59 нови позитивни во Тиквешијата, меѓу нив здравствени и просветни работници
04-12-2020 РЕГИОН
И понатаму расте бројот на нови позитивни на корона вирусот во Тиквешијата. Денеска во статистиката на кавадаречкиот центар за јавно здравје се евидентираат 59 нови позитивни случаи. Меѓу нив има 3 здравствени работици од Кавадарци, еден во Неготино и двајца просветни работиници кои одржувале настава од далечина.
Во Кавадарци има 41 нов случај, еден во Росоман, 15 во Неготино и два во Демир Капија.
„Новите позитивни се на возраст од 12 до 70 години. Починато е едно лице од Кавадарци поради компликации од корона вирусот на 79 годишна возраст“ информира епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Во Кавадарци од почетокот на епидемијата има вкупно 1358 позитивни случаи, од кои активни се 523.
ВоНеготино вкупно 646, активни 337 (91 лице од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
А.Д

Додади коментар