Еден нов случај на корона вирус во Неготино
26-08-2020 РЕГИОН
Маж на 67 годишна возраст од Неготино е позитивен на корона вирус, потврдија денеска од ЦЈЗ Кавадарци.
„Лицето е хоспитализирано на инфективна клиника во Скопје. Претходно е лекувано од други хронични заболувања. Работиме на утврдување на неговите контакти“ рече епидемиолог д-р Ристе Јовановски.
Во Кавадарци денеска нема дијагностицирано нови позитивни на вирусот.
А.Д

Додади коментар