Нема внатрешна трансмисија на коронавирус внатре во градинките и училиштата – рече на денешната прес конференција директорката на ДСЗИ, Ирина Сотирова-Бухова.
Таа информира дека во последните два месеца Државниот и санитарен инспекторат има направено повеќе од 1 000 вонредни инспекциски надзори во правните субјекти кои се во негова надлежност, меѓу кои и градинките и училиштата.
Во вчерашното интервју за МИА и министерката за образование кажа дека училиштата не се трансмитери на ковид 19 и затоа ќе останат отворени.
ДСЗИ, исто така, прави вонредни инспекциски надзори за зголемената смртност кај случаите со ковид, следејќи го патот на лекувањето на одредени пациенти, од матичниот лекар до институцијата каде што настапила смртта.
„ДСЗИ иницира вонреден стручен надзор во однос на одредување дали има или нема лекарски пропуст во лекувањето. Согласно ингеренциите што ги има ДСЗИ, онаму каде што има нотирано пропуст, се постапува веднаш со изрекување решение и со казнена одредба пропишана со закон“, рече Сотирова-Бухова.
А.Д

Додади коментар