„Спротивно на тврдењата Дрекслмајер не им ја намали платата на своите вработени. Овде се работи за недоразбирање. Од бруто платата како што е законски пропишано се исплаќат социјалните придонеси и персоналниот данок. Потоа на вработените им се исплаќа и нето плата. Комапнијата се придржува на превземените обврски кон вработените.“ Вака Дрекслмаер во соопштението до јавноста ги објаснува „комуникациските недоразбирања“ кои беа причина дел од вработените незадоиволни поради неисплатените празнични велигденски дневници да излезат на штрајк.
Менаџментот на фабриката во соопштението нагласува дека се придржува на превземените обврски кон вработените.
„ Основната месечна плата која што Дрекслмајер групацијата во Кавадарци ја исплаќа на своите вработени е над законската минимална плата во Македонија. Над тоа Дрекслмајер им обезбедува дополнителни исплати и услуги. Кон тоа спаѓа исплата за работа во смени, бонуси за остварени цели, исплата за прекувремена работа. При тоа на вработените им обезбедува и медицинска нега во самата фабрика како и бесплатен оброк. . Транспортот за вработените веќе подолг период се одвива без проблеми. Дневно околу 30 автобуси во смена ги превезуваат вработените до нивните работни места и ги враќаат пак до нивните домови“ се наведува во сооштението.
Менаџментот во писменото обраќање до јавноста потенцира дека со над 4000 вработени Дрекслмајер групацијата е најголем работодавач во Макеоднија кој одговорно ја превзема својата социјална и општествена улога.
A.Данов

Додади коментар