Дрекслмајер додели студентски стипендии
14-06-2018 РЕГИОН

Десет студенти од техничките факултети кои се четврта година и ги исполнија  критериумите, станаа стипендисти на Дрекслмајер.

Младите и нивното образование остануваат во фокусот на Дрекслмајер. Компанијата продолжува со  својата пракса и повторно поддржа дел од најдобрите студенти од техничките факултети приУниверзитетите „Св. Климент Охридски“ – Битола, „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје и Универзитет „ГоцеДелчев“ – Штип.

 

Стипендијата вклучува месечен паричен надомест за еден семестар како и едномесечна пракса вофабриката Дрекслмајер во Кавадарци. Практичната работа е осмислена од специјалисти инженерина DRÄXLMAIER Group, а секој студент ќе биде дел од тимот на одреден оддел. Стипендистите ќебидат ангажирани на конкретна проектна задача, а низ креативниот процес ќе ги води ментор –специјалист.

 

Студентите пројавија огромен интерес за вклучување во стипендиската програма на Дрекслмајер.Избраните стипендисти се студенти кои го запишале осмиот семестар и ги исполнуваат пропишанитекритериуми на компанијата. По одржаните интервјуа и тестирања при селективниот процес, беаодбрани најдобрите десет кандидати.

 

„Со нетрпение очекувам да започнам со работа на доделениот проект. Се надевам дека овде воДрекслмајер ќе научам нешто ново и ќе стекнам почетно искуство во областа на Индустрискотоинженерство“, рече Наталија Момчиловска Димоска, студентка на Машински факултет, Скопје.

 

„Ќе имаме месец исполнет со интересни проекти и мотивирани студенти. Чест ми е што сум дел одстипендиската програма на компанијата и што ќе менторирам проектна задача на еден од нашитестипендисти“, истакна Бранкица Аргиева, менаџер во производство во Дрекслмајер.

 

Се радуваме на сите млади ентузијасти кои се придружуваат на нашиот тим и драго ни е што можемеда понудиме атрактивни работни позиции за разновидни стручни профили: Машински/електроинженери, технички лица, или пак ИТ специјалисти.

Дрекслмајер има долгорочна стратегија во поддршката и развојот на младите луѓе. Инвестирање вообразование и знаење е инвестирање во иднината - стои во соопштението од компанијата.



Share

Додади коментар