Проблемите со водата за пиење во Кавадарци и Росоман дефинитивно ќе останат минато. Заврши изградбата на новиот тиролски зафат на бунарска река, цевководот од близу 10 километри и најмодерната филтер станица. Дополнителни 200 литри во секунда ќе се добијат во водоводниот систем Лукар со реализацијата на овој капитален проект на кој заеднички работеа Кавадaрци и Росоман. Вкупната инвестиција е над 2 милиони евра, од кои најголемиот дел се средства од Министерството за транспорт и врски, а Кавадaрци учестува со 300 илјади евра, а Росоман со 50 илјади евра.
Денеска во обиколка на тиролскиот зафат на Бунарска Река и новата филтер станица беше градоначалникот Александар Панов. Задоволен е од квалитетот на изградба на овие објекти и најави за неколку дена ставање во функција на дополнителната количина на вода.
„Ова беше едно од главните ветувања во првиот мандат. Закаснавме нколку месеци,меѓутоа ако претходно се каснеше со децении, не е проблем неколку месечното доцнење. Со овој проект ќе има доволно вода за Кавадри и Росоман и за идно Кавадарци со над 50 илјади жители. Лично сум задоволенод квалитетот на сите работи кои се завршени. Изведувачите, „Жикол“ и „Градба Промет“ квалитетно ја завршија својата работа“ рече Панов.
Со изграбата на тиролскиот зафат на бунарска река реконструиран е и патот кој води низ ваташкото езеро се до новиот објект.
Филтер станицата е опремена со најсовремена опрема од италијанско потекло и на некој начин претставува фабрика за вода за пиење. Покрај современите филтри и останатата технологија за прочистување на водата, ќе работи и лабораторија каде постојано ќе се контролира квалитетот на водата која ќе протекува во водоснабдителниот систем.
„Европските стандарди налагаат да имаме што почиста вода и бактериолоки и хемиски. Чекор понапред сме за разлика од други општини. Деновие ќе се направи уште еден тест на водоводот и филтрите.“ рече Панов и нагласи дека општината во наредниот период ќе се зафати со рекострукција на постоелките песочни филтри, а веќе од следната година ќе биде надминат и проблемот со замтувањето на водата при нагло топење на снегот и поројни дождови.
За техничките карактеристики на овој проект говореше раководителот на објектот Видоје Стојановски.
„Ова е тиролкски зафат направен да зафаќа вода преку 200 литри во секунда, која ќе претокува во цевоводот во должина од 9,7 км. Се привршуваат работите околу филтер станицата и за неколку дена ќе биде пуштена во пробна работа“ рече Стојановски.
Ангел Данов
Додади коментар