Месните заедници од општина Кавадарци ќе треба да изберат приоритетен проект за своето село и истиот да се реализира со средства од Светска банка кои ги доби општина Кавадарци како грант во висина од 260 илјади евра. Во таа насока градоначалникот Александар Панов имаше средба со претседателствата на месните заедници, со цел транспарентно да се поделат средтвата наменети за рурален развој.
Панов ги информираше присутните околу начинот на кој треба да се спроведе целата постапка за распределба на 260.000 евра кои преку Владата на република Македонија ќе бидат поделени на оние Месни заедници кои ќе имаат сериозни и издржани проекти. Присутните во целост ја поздравија иницијативата и со конструктивни предлози се вклучија во расправата изнесувајќи ги приоритетите на жителите од руралните средини кои би можеле да се финансираат од овој повик.
На состанокот сите присутни месни заедници добиа обрасци за пополнување со
предлози, кои од страна на секторот ЛЕР ќе се сондираат, по што ќе се селектираат и за нив ќе се изготват проекти до почетокот на летото по што би се пристапило кон нивна реализација.
Во проектото „Наши пари Наша одговорност“ покрај општината Кавадарци се вклучени Здружението Чекор кон Европа и Амбасадата на САД во Република Македонија.
„Сакајќи да го запазиме принципот на транспарентно работење одржавме состанок со претседателите и претседателствата на месните заедници. Имаше претставници од сите села во општината. Повеќе од час и половина дискутиравме. Им кажав дека сакаме транспарентно да ги утврдиме основните потреби на месните заедници и така да рги потрошиме тие 260 илјади евра. Кавадарци беше во општините што добија 120 илјади евра, но како резултат на лобирањата и разбирањето на Светска банка овој грант се зголеми на 260 илјади евра и со тоа се исправи една неправда, Кавадарци како една општина која е најголема по површина и има многу инфраструктурни потреби, кои произлегуваат токму од големината општина да добие двојно поголема сума. Имамвме дискусии. Се предлагаше изградба на патна инфраструктура, изградба на патот до Радња, патишта до едно до друго село, вода за селата. Во еден состанок неможе да се сублимира се што е желба и потреба. Имаат една недела да ги комплетираат нивните барања. Ние да ги собериме како куп на барања и во сразмерност со критериумите да ги утврдиме приоритетите и овие финансии да си го најдат местото во селата. Продолжуваме и со комуналната изградбата со пари од буџетот, како што е планирано. Ова се плус финансии што ќе бидат вградени во инфраструктурата на месните заедници. Во меѓувреме тече тендерот за избор на компании кои ќе ги работата проектите и во текот на летниот период да истапиме на терен.“ рече градоначалникот Панов во изјавата за медиумите.
Ангел Данов
Додади коментар