Дополнителната заменик минитерка за внатрешни работи синоќа во посета на Кавадарци
31-03-2020 РЕГИОН

Вечерва заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност Саше Тасевски, градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев и претседателот на Македонскиот полициски синдикат ги посетив безбедносните пунктови на територијата на општина Кавадарци, информираше на својот фејсбук профил, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Славјанка Петровска.

 

„Со полициските службеници разговаравме за спроведувањето на мерките на Владата за заштита од вирусот КОВИД 19, како и за условите во кои тие работат. За овие неколку часа на подрачјето на Кавадарци не се регистрирани прекршители на полицискиот час и состојбта ја оценија како мирна.

 

Со градоначалникот Јанчев поразговаравме и за тоа како да се олесни работењето на комуналните претпријатија во времето на полицискиот час со цел да се зголеми нивната ефикасност и да се подигне хигиената во градот. Ова ќе биде и една од точките за кои ќе се разговара на утрешниот состанок на Главниот кризен штаб. Се сложивме дека полициските службеници се соочуваат со несекојдневна битка, со војна во која непријателот е невидлив и не се применува физичка сила или тактика за која е обучена полицијата.

 

Но, тие се тука да допринесат јавниот ред и мир да се почитува и без оглед колку овие мерки се ограничувачки, тие доследно да се применуваат. На колегите полицајци им порачав дека нивната безбедност е на прво место и дека секој од нив мора да користи заштитна опрема. Секој од нив е важен и потребен во овие моменти. Горда сум на нивниот професионален однос и несебичен ангажман“ пишува Петровска.



Share

Додади коментар