Италијанска команија пријател на општина Росоман денеска донираше 20 лед светилки за општина Росоман кој ќе бидат поставени на патот кон Кавадарци.
Покрај примарната улога овие лед светилки ќе имаат и тест период во кој ќе бидат споредени со веќе поставените енергетски штедливи светилки и ќе послужат при изборот за модел кој ќе биде употребан при промената на уличното осветлување , потенцира градоначалникот Стојанче Лазов.
Општина Росоман е една од седумте општини во Македонија кој беа избрани од страна на Светска Банка за подготовка на физибилити студија која изминатата недела беше презентирана од експерти за јавно осветлување пред советниците на општина Росоман. Во презентацијата водечки беше моделот на улично осветлување со лед светло.
Милица Младенова
Додади коментар