Донација од „Слога пром“ во Банката за храна во Кавадарци
30-04-2020 РЕГИОН
Пакети со прехранбени производи денеска донираше кавадаречката компанија „Слога пром“ во Банката за храна во Кавадарци.
„Слога Пром Кавадарци е донатор по повод јубилеј од 30годишнина од нивната компанија која е редовен донатор и покровител на Банка за Храна Кавадарци “ вели Роберто Паризов од „Еко живот“ партнер на банката за храна.
Во овој период на корона криза голем е бројот на граѓани од социјално ранлива категорија кои добиваат помош во прехранбени продукти, кои им ги доставуваат волонтерите од Банката за храна, од каде апелираат до бизнис секторот и сите хумани граѓани да помогнат по принципот на Слога Пром, сега кога е најпотребно на фамилиите со социјален ризик.

Додади коментар