По повод муслиманскиот празник Рамазан, компанијата Слога Пром од Кавадарци донираше пакети со прехранбени производи за социјално загрозени муслимански семејства.
Донацијата беше предадена на ИВЗ џамиски одбор Кавадарци, од каде истата ја делат на нивните верници.
Претседателот на џамискиот одобр Амет Фазлиов упати благодарност за донираните пакети и нагласи дека соживотот во Кавадарци од секогаш е на високо ниво.
Оваа кавадаречка компанија и за велигденските празници донираше 600 пакети со храна за најзагрозените семејства.
“Во изминатава година поради пандемијата со Ковид-19 многу семејства го изгубија изворот на егзистенција и помошта за нив е главната причина за оваа донација. Ситуацијата придонесе егзистенцијалните предизвици за многумина да станат секојдневие и затоа нашето внимание е целосно посветено на помошта на овие граѓани. ”, изјави Ласко Јованов, управител и менаџер за увоз во Слога Пром.
Слога Пром како компанија што три децении се занимава со пакување и дистрибуција на замрзнати производи, е една од најангажираните деловни субјекти во поддршката на локалната заедница.
А.Д
Додади коментар