По повод Светскиот ден на здравјето 7 Април, пратениците на СДСМ од Тиквешијата денеска донираа дигитални апарати за мерење притисок, оксиметри и лекови за потребите на кавадаречката болница.
Тие упатија честитки до сите здравствени работници по повод денот на здравјето и благодарност за нивната заложба и пожртвуваност во справувањето со ковид пандемијата.
„Пратениците од СДСМ од Кавадарци и Неготино и регионалната координаторка на Форум на жени на СДСМ, заедно со дел од приватниот сектор од Неготино, изразивме голема благодарност до менаџментот и сите вработени на ЈЗУ Општа Болница Кавадарци, за нивната пожртвуваност и придонес што ги имаат во борбата со вирусот Ковид-19“ напиша на својот фејсбук профил пратеничката Даниела Колева.
Додади коментар