По неколку месечно работење, денеска германската комапнија Дрекслмаер се впиша во листата на општествено одговорни компании кои работат во Кавадарци. Имено, денеска за потребите на кавадаречката противпожарна единица донира пожарникарски одела, а беше највено дека и во наредниот период компанијата ќе учествува со донации за заедницата.
„Дрекслмаер стана дел од општеството во Кавадарци. И ние имаме обврски и се осеќаме обврзани да вратиме на она што ни го дава градот и да бидеме одговрни кон заедницата. Исклучително сме свесни дека ќе бидеме голем работодавач во овој град за долги години и сме во намера многу да инвестираме во заштита, здравје и безбедност на луѓето кои понатаму ќе бидат наши партнери“ рече Кристијан Харлт, менаџер во комапнијата.
Благодарност за донацијата искажа градоначалникот Алексанар Панов кој патем нагласи дека општината по измената на урбанистичките планови ќе ја отпочне постапката за изградба на нов обејект за потребите на кавадаречката противпожарна станица.
Командирот на кавадречката противпожарна единица Илчо Богевски, нагласи дека донираната униформа ќе им биде од голема корист особено при интервенции ноќно време.
„Добивме комплет зимна опрема и мислам дека добро ќе ни послужи, посебно при интервенции ноќно време. Се надевам дека оваа соработка ќе продолжи и понатаму со Дрекслмаер. Побаравме и едно помало возило за да можеме да интервенираме во случај на пожар во тесните улици во градот“ рече Богевски.
А.Д
Додади коментар