Донација од Дрекслмаер за градинката во Неготино
16-07-2014 РЕГИОН

 Претставници на германската компанија „ Дрекслермаер“ Лукас Мурингер и Ѓорѓи Тренковски, на детската градинка „ Фемо Кулаков “ од Неготино и донираа опрема во вредност од 1 милион и 200 илјади денари со која ќе се замени 60 проценти од целокупната дотраена опрема.

 

  Како што  спомена директорката на детската градинка Весна Нацева, со оваа донација за потребите на сите дечиња кои престојуваат и кои половина од денот го поминуваат токму во градинката, се обезбедени 195 Рекс креветчиња и душеци, како и 125 анатомски столчиња кои ќе бидат распределени во 4 занимални со што ќе се заменат старите креветчиња кои датираат од 1978 година.

 

  Реализацијата на овој проект е на иницијатива на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, кој во своето обраќање ја потенцираше извонредната соработка што локалната самоуправа ја има со германската комапнија и нивниот раководен тим, што пак резултираше околу 1000 жители на општина Неготино да се вработат во „ Дрекслермаер“ со тенденција нивниот број во иднина да се зголемува.

                                       

Како благодарност за реализацијата на овој проект градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на менаџерскиот тим на компанијата му подари скромен подарок.

   

    Во рамки на можностите на компанијата, Мурингер и Тренковски истакнаа дека компанијата и потаму ќе се труди и ќе прави разни видови донации, кои ќе придонесат за подобрување на квалитетот на живеење на сите категории граѓани од општина Неготино и регионот.

 

   Во знак на благодарност за оваа донација, градинката односно дечињата од градинката, на комерцијалниот директор Ѓорѓи Тренковски и техничкиот директор Лукас Мурингер  на германската компанијата  „ Дрекслермаер“ им подарија скромни подароци - слики изработени токму од нив и му приредија мала приредбена забава со која покажаа што тие знаат и учат токму во неа.

 

   По завршувањето на приредбата сите присутни имаа можност да ја прошетаат градинката и да ги видат  занималните во кои беше сместена донираната опрема односно креветчињата и столчињата и истите да ги испробаат.

Маја Алексовска



Share

Додади коментар