Секојдневно се подобруваат условите за претстој на
децата во малиот групен дом во Кавадарци чија намена е згрижување на деца од дисфункционални и семејства во ризик. Секогав во ваквите институции донациите се добредојдени. Вчера децата ги посетија жените од Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци. Им донираа теписи и подни покривки. Претседателката на Унијата на жени, Анита Гинова Каракутова вели дека ова е само една од низата хуманитарни активности кои ги организира УЖ.
„ Активноста е во склоп на Меѓународниот ден на среќата меѓутоа од објективни причини ( дезенот на теписите кои беа желба на дечињата не беа достапни на самиот ден) донацијата ја направивме подоцна. Акцијата се реализира како резултат на собраните средства од хуманитарниот базар по повод Свети Трифун на кои се продаваше домашно приготвена храна направена од жените од Унијата. Поминавме прекрасно попладне во заедничко дружење со дечињата од домот“ рече Гинова –Каракутова.
А.Д

Додади коментар