Докторка од Кавадарци позитивна на ковид 19
24-07-2020 РЕГИОН

Четериесет и две годишна докторка од Кавадарци е позитивна на Ковид 19, потврдија од Центарот за јавно здравје. Таа работела во Кочани и еднаш неделно доаѓала во Кавадарци.

 

„Има лесни симптоми е на домшно лекување“ рече д-р Ристе Јовановски, епидемиолог во кавадаречкиот центар за јавно здравје. 

 

 Во Кавадарци од почетокот на епидемијата регистрирани се   33 случаи на корона вирус, активни се 20.

 

А.Д



Share

Додади коментар