Лозарите неколку дена се приморани да ја запрат бербата на грозјето поради обилните врнежи од дожд кои ја зафатија земјава и тивкешкиот регион. Тие стравуваат дека ќе опадне квалитетот на грозјето, бидејќи и по прекинот на врнежите неколку дена нема да има можност да се влезе во лозовите насади.
Покрај стандардните грижи околу ниската цена која со години ги убива, немањето сигурен пласман, сега дополнителна главоболка им создава и дождот.
Стручњаците објаснуваат дека дождливото време не е во прилог на квалитетен гроздобер.
„Влагата како фактор ќе придонесе да имаме застој на киселините во шеќери, или застој во добивањето на шеќерноста, што е значаен фактор за винарите. Од заштитарски аспект, оние производители кои не заштитиле навреме и квалитетно од гроздови молци ќе имаат појава на ботритис. Наша препорака би била да секоја минута поволна се искористи за прибирање на грозјето, што е од интерес за секоја лозарска фамилија“ вели проф д-р Ристо Вучков.
Ангел Данов

Додади коментар