Доделени уште 70 решенија за легализација на дивоградби
30-11-2015 РЕГИОН

1560 дивоизградени објекти во Кавадарци се веќе легализирани. За нив се издадени потребните решенија и истите се запишани во катасторот. До општината биле доставени 7249 барања за легализација. Сеуште во постапка се 2700 предмети, додека за 2983 предмети постапката е прекината. Службите донеле 6 решенија со кои се одбиени барањата за легализација.

 

Денеска беа доделени уште 70 решенија. Градоначалникот Александар Панов рече дека граѓаните треба да ги почитуваат законските прописи и да не се одлучуваат да градат бесправно бидејќи новите дивоградби нема да се толерираат.

 

„Се случува да има доградби на помали објекти, шупи, гаражи и други објекти. Луѓето сепак не ја сватија сериозноста на овој процес. Дивото  градење после 2011 година е забрането. На сите што се обидуваат диво да градат уште еднаш ги предупревувам дека таквите постапки се штетни за нив и  нивниот буџет“ рече градоначалникот Панов.

А.Д



Share

Додади коментар