Доделени уште 170 ваучери за новороденчиња во Неготино
02-09-2015 РЕГИОН

Со пригодна свеченост денеска општина Неготино го одбележа двегодишниот јубилеј од донесувањето на мерката за доделување на еднократна парична помош за секое новородено дете во општина Неготино. Зголемениот наталитет во општина Неготино за 19 проценти во периодот од 2 години ја оправдува предлог-мерката која беше поднесена од страна на градоначалникот на општината Ванчо Апостолов. На денешната свеченост тој додели 170 ваучери во висина од 7000 денари.

 

„ Статистиката говори дека во 2013 година месечно во просек се раѓале по 13 деца, наредната 2014 по 15, додека во првите 8 месеци од 2015 година месечно во просек има по 18 новородени деца во нашата општина “- вели градоначалникот Апостолов.

 

Оваа можност, Апостолов ја искористи да промовира уште една негова предлог мерка – за секое трето родено дете да се доделуваат по 14.000 денари која пред советниците во Советот на општината на разгледување и усвојување ќе се најде на наредна седница. Градоначалникот Апостолов додаде дека општина Неготино планира да ги зголеми капацитетите во двата клона во детската градинка „ Фемо Кулаков “ во Неготино. Инаку, во изминатите две години ваучери во вредност од 7.000 денари им се доделени на 386 семејства од општината кои имале новороденче за што од општинскиот буџет се издвоени средства во висина од 2.700.000 денари.

Maja Aлексовска

 



Share

Додади коментар