Околу триста студенти на факултетите за психологија, менаџмент на организации, финансии, информатика и безбедносно инжинрство при универзитетот „Гаврило Романович-Державин“ во Свети Николе вчера на денот на сесловенските просветители, Ќирил и Методија ги добија дипломите за завршено високо образование. На оваа свеченост беше беше промовирана и третата генерација на дипломирани магистри на факултетите за психологија и економија.
Ректорот, проф. Д-р Душан Николовски им го честита дипломирањето на студентите и им посака успех во градењето на кариера.
Вчера беше промовирана и третата генерација на магистри по психологија и економија. На свеченоста беше истакнато дека Меѓународниот славјански универзитет остварува континуирана соработка во делот на размена на студенти и професори, со цел за подигање на квалитетот на образованието и можност за компарации и истражување во различни научни програми и икуства. Една таква соработка успешно продолжува со Тамбовскиот универзитет кој го носи името на Гаврлио Романович-Державин. МСУ е единствен факулктет каде студентите можат да се стекнат со двојни димплми, македонска и руска.
Проф д-р Милтон Вајнрајт кој работи во одделот за Молекуларна биологија и биотехнологија на универзитетот Шефилд и виш предавач и визитинг професор на универзитет во Саудиска Арабија со одлука на ректорската управа и сенатот ја доби титулата почесен професор на МСУ „Гаврило Романович-Державин“. Проф д-р Вајнрајт за својата истражувачка работа досега има добиено 52 награди и признанија, што го става во врвот на светските научници по микробиологија, биотехнологија и астробиологија. Титулата му ја врачи ректорот, проф. Д-р Душан Николовски.
Свеченоста заврши со симболично фрлање на капите на студентите, фотографирање, а беше пресечена и торта во чест на новите дипломирани студенти. Универзитетот „Гаврило Романович-Державин“ постои 11 години и досега високо образование на оваа установа завршиле над 1500 студенти.
Aнгел Данов
Додади коментар