Како што веќе информиравме од оваа година во Кавадарци ќе започне со работа паралелка за средно музичко образование. Ќе функционира во ОМБУ „Лазо Мицев Рале“, а е во склоп на ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“ Скопје.
Од денеска започнаа уписите за третиот уписен рок. Паралелката во Кавадарци е за музичар изведувач ( пијано, соло пеење, хармоника, флејта, кларинет, труба, тромбон) и за музичар теоретичар.
Учениците кои се заинтересирани да се запишат средно музичко образование во Кавадарци е потребно до четврток да ги достават документите во музичкото училиште во Кавадарци, а приемниот испит ќе биде во Скопје во понеделник во 10.00 часот.
Согласно објавениот оглас за упис на ученици, ученикот е потребно да има завршено основно образование. Можат да се запишат и талентирани ученици кои немаат завршено редовно основно образование, по претходна писмена согласност од МОН. Ученикот не треба да е постар од 17 години.
А.Д
Додади коментар