Oд ДЕНЕС (понеделник) па некаде до четврток територијата на нашата држава ќе биде зафатена од нов Африкански бран кој ќе услови значителен порас на температурите на воздухот кој на многу места ќе се искачат над 30°C додека во најтоплите региони температурата ќе се искачи и до 40°C. Максимумот на овој топол бран ќе биде во среда – прогнозира Славчо Попоски – метеопрогнозер.
Сепак влијанието на циклонот ЛУЦИЈАН и понатаму останува па така особено во попладневните и во вечерните часови локално ќе има услови за локална нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот и тоа особено во планинските предели но и во оние населени места кои се во близина на планините каде не се исклучува можноста за електрични празнења и услови за ретка појава на град.
Според моменталните анализи, поинтензивни врнежи од дожд проследени со грмежи ќе има во петок и во сабота, но околу ова понатаму ќе ја анализираме ситуацијата и навремено ќе ве информираме за секоја новонастаната ситуација – вели Попоски и предупредува дека УВ ИНДЕКОСТ ќе има ЕКСТРЕМНО ВИСОКА ВРЕДНОСТ и ќе изнесува некаде од 10 до 11 па така на граѓание им препорачуваме да внесуваат повеќе течности и додека излегуваат со себе ЗАДОЛЖИТЕЛНО да си понесат заштитна опрема поточно капа и наочари за сонце.

Додади коментар