До крајот на ноември обнова на документите за социјална парична помош
31-10-2014 РЕГИОН

Меѓуопштинскиот центар за социјални работи Кавадарци ги известува сите корисници на правото на социјлана парична помош дека имаат законска обврска за годишна обнова на документацијата за материјалната и бројната состојба на домаќинството.

 

Од Центарот за социјални работи нагласуваат дека сите корисници годишната обврска за обнова на документите ќе се спроведува од 1 ноември се до крајот на месецот.

 

„Секој корисник е потребно со себе да понесе на увид единствено важечка лична карта за себе и останатите  полнолетни членови на домаќинството. Исто така се извесруваат подносителите на барање за остварување на право од областа на социјалната заштита дека сите обрасци потребни за поднесување на барање се бесплатни и истите треба да се подигнат кај стручните работници  во просториите на Центарот за социјална работа“ стои во известувањето од Центарот за социјални работи Кавадарци.

 

А.Д



Share

Додади коментар