До 31 декември да се достават елаборатите за легализација на дивоградби
08-10-2015 РЕГИОН
Општина Кавадрци ги информира физичките и правни лица, иматели на Бесправно изградени објекти, кои имаат поднесено барање за утврдување на правниот статус на бесправните објекти, дека крајниот рок согласно законот истекува на 31.12.2015 година.
Општината ги информира граѓаните, фирмите и јавните институции кои сеуште немаат доставено Геодетски Елаборат за утврдување на фактичката состојба на бесправен објект, дека истото треба да го направат најдоцна до31 декември 2015 година во Општина Кавадарци.
Во спротивно нивните бесправни објекти нема да се легализираат.
Подетални информации можат да се добијат кај надлежните служби во Општина Кавадарци секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот.
Додади коментар