До 25 декември лозарите можат да аплицираат за дополнителни субвенции
17-11-2017 РЕГИОН

 

За дополнителна субвенција од два денари за килограм грозје од овогодишната реколта, предадено во домашни винарии можат да аплицираат лозарите се до 25 декември. Ова е една од сетот владини одлуки донесени на последната седница, а се однесуваат на земјоделците.

 

Владата донесе одлука и за исплата на обештетувањата на сточарите кои претрпеа штети од загуба на животни поради болеста чвореста кожа. Износот за исплата е над 15 милиони денари, за 242 сточари. Исплатата ќе започне веднаш откако Платежната агенција ќе ги подготви решенијата, односно крајот на овој месец и почетокот на следниот месец. Обештетувањето ќе биде 100 проценти од проценетата вредност на угинатото животни.

 

Владата ја усвои Програмата за изменување на Програмата за рурален развој, со што се обезбедија средства за комплетна исплата на неповратни 10.000 евра за мерката млад земјоделц, за оние кои аплицираа и ги исполнија условите. Оваа мерка е значајна за модернизирање на земјоделството, за руралниот развој како и за спречување на миграцијата село-град.

 

Исто така со измените се обезбедени а дополнителни 58 милиони денари за подобрување на квалитетот на живот средини и рурална инфраструктура - информираше на прес конференција портпаролот на МЗШВ, Соња Јанковска.

 

Со цел обезбедување на стручни советодавни услуги за земјоделците, Владата ја усвои Програма за капитални трансфери за невладини организации во областа на земјоделството и рурален развој, која што е во склоп на Програмата за рурален развој на МЗШВ, со која се обезбедуваат 30 милиони денари за апликативни проекти за поддршка во процесот на земјоделското производство, подобрување на човечките ресурси во и пренос на знаење за подобро искористување на програмите од областа на земјоделството и руралниот развој. На овој начин ќе се подобрат советодавните услуги за земјоделците, особено во делот за аплицирање и користење на мерките за директна поддршка во земјоделството, како и за парите од ИПАРД Програмата.

 

Во врска со воведувањето на мерката за т.н евтина зелена нафта, реализацијата на мерката ќе се спроведе преку измени на Законот за земјоделство и рурален развој. Во Владата има консензус за носење на оваа мерка, која што е ветена и во Програмата на Владата.

Во буџетот на МЗШВ има пари за реализација на поддршката за набавка на гориво за земјоделска механизација и Владата ќе ја реализира оваа мерка следната 2018 година. Сега во завршна фаза се анализите за трошоците за секоја земјоделска култура, затоа што истите се разликуват од едно до друго земјоделско стопанство, а исто така се разработуваат и модаталитетите за имплементација на истата. Оваа мерка е значајна за земјоделците, затоа што ќе придонесе за намалување на трошоците во земјоделското производство..



Share

Додади коментар