До 13 часот во Тиквешијата излезноста е над 30%
15-07-2020 РЕГИОН

10.340 граѓани или 32,04% од вкупниот број избирачи гласале до 13 часот во Кавадарци. Гласањето се одвива без проблеми.

Од МВР информираа дека во селото Сирково биле испишани графити за одредена политичка партија.

 

Во Неготино до 13 часот гласале 33,42% од вкупниот број запишани избирачи. 

 

23,2% од вкупниот број избирачи го искористиле правото на глас во Росоман, додека во Демир Капија до 13 часот одзивот е 31,54%.

 

Во четвртата изборна единица до 13 часот гласале 28,30% од вкупниот број на граѓани со право на глас.

 

А.Д



Додади коментар