До 13 часот во Кавадарци гласале 34,7%
15-10-2017 РЕГИОН

И понатаму гласањето во Тиквешијата се одвива без проблеми. Единствено на гласачко место во ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ за момент е запрено гласањето откако избирачкиот одбор забележал дека постар граѓанин кој дошол со сопругата се обидел да гласа и за неа. Гласачот бил спречен во таквата намера, а случајот го евидентирал избирачкиот одбор, била известена полицијата по што гласањето продолжило без проблеми.

 

Претседателот на ОИК Кавадарци, Зоран Костов информира дека до 13 часот во Кавадарци гласале 34,7% од 32.706 граѓани со право на глас. Се гласа на 60 избирачки места за четворица кандидати за градоначалник и пет советнички листи. Вчера право на глас имаа 83 болни и немоќни лица.

 

Во Неготино до 13 часот гласале 35,52% од 16.073 запишани избирачи. Отворени се 27 гласачки места. Граѓаните на општина Неготино избираат помеѓу тројца кандидатри за градоначалник и 3 советнички листи. Во текот на вчерашниот ден гласале 84 болни и немоќни лица. Гласањето се одвива без проблеми, информира претседателката на ОИК, Нетка Веселинова.

 

И понатаму највисока излезност има во општина Демир Капија. Таму до 13 часот од вкупниот број запишани избирачи 3.405  гласале 1618 граѓани или 47,53%. Жителите на Демир Капија избираат помеѓу двајца кандидати за градоначалник и две советнички листи.

 

Во општина Росоман во избирачкиот список се запишани 3.411 граѓани со право на глас, а до 13 часот своето избирачко право го искористиле 27,3% . Се гласа на 11 избирачки места. Вчера гласале 31 болни и немоќни лица. И овде гласањето протекува без проблеми.

 

А.Д



Share

Додади коментар