На армискиот полигон започнати се боеви гаѓања кои ќе се извршуваат до 10 октомври, информираат од командата на полигонот. Гаѓањата се извршуваат во реопните Брест, Кршковица, Мушанци, Голема Страна, Кашаи Тубре, Бел камен, Козарник, Џидимирци, Читаклија, Кукулци, Кара Оџали, Хаџи Хамзали, Кавлик, Алајка, Кур Тепе, Штрклево, Енешево, Јокуш и Орлов баир.
Во наведениот период се забранува секакво движење и претстој на луѓе. моторни возила, стока, како и оставање на моторни возила. Исто така се забранува било какво земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по живот.
Доколку се пронадат такви средства истите да се обележат и за тоа да да се известат надлежните органи од Командата на АП Криволак или СВР Штип, полициските станици од општа надлежност Неготино, Кавадарци или Градско.
Стрелиштето на кое ќе се извршуваат планираните гаѓања ќе биде видно обележано, согласно со Законските прописи во АРМ, како и обезедено со физичко обезбедување.
Додади коментар