Дислоцирани се неколку избирачки места во Кавадарци - еве каде се лоцирани новите
09-07-2020 РЕГИОН

Општинската изборна комисија-Кавадарци и Државната изборна комисија-Подрачно одделение Кавадарци, информираат за Дислокација на Избирачки Места, како и за измени на влезови во неколку објекти каде ќе се гласа на претстојните предвремени парламентарни избори што ќе се одржат на 15 јули 2020 година.

 

Најзначајните измени се однесуваат на дислокацијата на неколкуте избирачки места каде нема услови за спроведување на гласање согласно препораките за однесување во услови на пандемија.

 

Избирачките места 0668, 0668/1, од просториите на Управата за јавни приходи се преместуваа во објектот на Општинското основно училиште „Гоце Делчев“ во училницата за дневен престој и во спортската сала.

 

 

Од УЈП се сели и Избирачкото место 0669, кое за овие избори се наоѓа во просториите на СОУ Гимназија „Добри Даскалов“.

 

 

Во Гимназијата се преместува и избирачкото место 0670 кое се наоѓаше во просториите на територијалната против пожарна единица Кавадарци.

 

 

Влезот за гласачите од избирачките места 0669 и 0670 е од западната страна поточно од спортските терени на гимназијата.

 

Во гимназијата „Добри Даскалов“ се дислоцира Избирачкото место 0675 кое досега се наоѓаше во згарадата на Општина Кавадарци.

 

 

Промена има и во локацијата на Избирачкото место 0672 кое од згарадата на АМД „Страшо Пинџур“ се дислоцира во просториите на Салата „Јасмин“ со влез од страната на старата бензинска.

 

 

Останатите измени се однесуваат на зголемување на бројот на влезови во објектите на ООУ „Димката Ангелов-Габерот“ Кавадарци, ООУ „Страшо Пинџур“, ООУ „Тоде Хаџи-Тефов“, ООУ „Гоце Делчев“ и СОУ Гимназија „Добри Даскалов“.

 

Овие измени се спроведуваат согласно протоколите за однесување на граѓаните во запазување на растојанието во услови на пандемија со цел избегнување на турканици и блиски контакти меѓу гласачите.

Наведените промени ќе бидат соодветно одбележани и на самите локации, каде ќе се постават табли со патокази за насоката по која треба да се движат гласачите.



Share

Додади коментар