Дислоцирани листопадни дрва
15-08-2019 РЕГИОН
Општина Кавадарци во координација со ЈП „Комуналец“ ОЕ „Паркови и зеленило“ денеска дислоцираа две листопадни дрва од видот ликвидамбар.
Акцијата беше спроведена во рамките на проектот за реконструкција на улицата „7ми Септември“. По изградбата на кружен тек на оваа улица на спојот со улицата „Цано Поп-Ристов“ се јави потреба од проширување на коловозната лента со одземање на дел од тротоарот.
На тоа место се наоѓаа две повеќегодишни дрва од вид на јавор. Дрвата беа стручно отстранети и засадени во тревникот над кејот на улицата „Браќа Џунови“ - информираат од службата за односи со јавноста при општина Кавадарци.
Додади коментар