Директорот на кавадаречката болница ги отфрла обвинувањата од СДСМ
19-02-2016 РЕГИОН

„ Не знам кој е мотивот на овие партиски пресови на СДСМ, па цело време трн во око им е баш болницата во Кавадарци. Тие упорно кажуваат паушални и невистинити констатации   за само нив познати цели. Болницата во Кавадарци досега има покажано напредок во сите сегменти, па така до сега има ОСТВАРЕНИ НАБАВКИ НА ОПРЕМА И ПРОСТОР“ се вели во писмената реакција на директорот на ЈЗУ Општа болница Кавадарци, д-р Орце Ангеловски по вчерашната прес конференција на ОО на СДСМ .

 

Директорот во реакцијата нагласува дека се отворени три нови амбуланти, центар за лекување на болести од зависност, уролошка амбуланта и центар за лекување на астма.

„Дониран  е спирометар ,инхалатор на детско одделение, специјални кревети, нов рентген апарат и адаптиран простор за него,нов апарат за анестезија, нови 2 апарати за биохемиска лабораторија, Преносен инкубатор на детско, две возила,   санитетски комбиња за пренос на пациенти, нов ехосонографски апарат, операционен  стол за хирургија, Поправено  е парното греење и набавена е нова пумпа,  Набавен е рефрактометар на очно,  купени се  100  нови душеци и навлаки за пациентите, екран за витални параметри, уролошки сет - цистоскоп  телевизори ЛЦД во сите  соби, тонометар за очно, мултифункционален магнетен терапевтски физијатриски апарат, Ендоскопска апаратура за ОРЛ, 120 нови чаршави и перници со навлаки  за болничките кревети, 10 климатизери  ,   два ЦТГ апарати  за гинекологија, ехосонографски апарат очен“ нагласува директорот на болницата и додава дека вредноста на овие набавки е 150 милиони денари.

 

 Понтаму во реакцијата се вели:    Пациентите се навреме и професионално згрижени, во затоплени простории и од персонал којшто редовно го ангажираме, како од нашите вработени така и од други болници со коишто имаме склучено договори за соработка. Лековите пациентите ги добиваат во нашата болница и нема потреба да купуваат настрана бидејќи ги имаме доволно. Ова значи дека болницата работи  тековно и солвентно.

   Сето ова зборува во прилог дека сето наведено во пресот на СДСМ е невистина и лага.

  Воедно голем дел од нашиот персонал има посетувано едукации во странство и тоа знаење успешно го имплемнтира.  Најголем дел од овие инвестиции и проекти е завршено баш благодарение на   Министерството за здравство. Впрочем за ова зборуваат и неколкуте анкети спроведени за задоволство на пациентите кое што е  на високо ниво.- стои на крајот во реакцијата на директорот на општа болница Кавадарци.

 



Share

Додади коментар