Директорката на ООУ „Тошо Велков Пепето“ учествуваше на англиска образовна работилница

25 европски земји меѓу кои и Македонија изминатава недела учествуваа на англиска образовна работилница.Нашата земја ја претставуваше ООУ Тошо велков Пепето Кавадарци преку својот директор Јованка Шкартова која беше единствениот образовен раководител кој доби зелено светло за учество на обуката организирана од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Шкартова во изјава за ктв информира детално за обуката и земјите учеснички.

 

Успех за директорот како поединец но и за училиштето Кавадарци и воопшто Македонија е учеството на Шкартова во работилницата. Таа вели има што да примениме од нивниот начин на работење, но и Македонија е добра во неколку образовни фази. Учеството на директорката е обезбедено со нејзина апликација до Националната агенција, а за да го увидат сработеното колегите на Шкартова денеска таа организираше наставнички по англиски терк проследен со презентација, англиски чај и јадења.Својот успех директорката го сподели со успехот на наставниците учесници во обуката за јазична писменост за која одделенските наставници добија сертификати.

M.M



Share

Додади коментар